Вести Македонија Топ вести

Мицкоски се сретна со Кошта во Минхен: Македонија е за членство во ЕУ, но процесот да не биде понижувачки

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија.

Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на овој договор со САД, истакна Мицкоски, се заокружува дипломатската офанзива во првите дваесетина месеци од оваа нова Влада, посочувајќи дека станува збор за историски договори.

Премиерот и членовите на македонската делегација попладнево присуствуваа на свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде, како што кажа, свое значајно обраќање имал германскиот канцелар Фридрих Мерц, а потоа и средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и идентитетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе