Европа претпазливо се подготвува за Минхенската безбедносна конференција во услови на проблематични трансатлантски врски. Европските лидери се длабока вознемирени околу состојбата на НАТО, откако минатата година ги „шокираа“ забелешките на американскиот потпретседател Венс дека „најголемата закана за Европа е одвнатре“, а не од Русија или Кина.
Но, после случајот со Гренланд некои Европејци сметаат дека Соединетите Држави „веќе не се сигурен партнер“.
- „Но, впечатокот од Европејците е дека Американците повеќе не се сигурен партнер. Ако еден сојузник на НАТО му се заканува на друг во случајот со Гренланд, се прашувате дали вашето животно осигурување во НАТО е сè уште сигурно. Од европска гледна точка, она што САД се обидуваа со Гренланд, изгледаше малку како што се обидуваше Русија во Украина“ – Клаудија Мејџор, виш потпретседател во Германскиот Маршалов фонд.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО убедуваше дека алијансата останува обединета и посветена, и покрај претходните закани од Трамп кон Гренланд, данска територија, која е НАТО партнер.
Тој рече дека „силното, конвенционално“ присуство на САД ќе остане во Европа, Арктикот и Атлантикот.
Неговата изјава доаѓа ден по почетокот на мисијата „Арктички стражар“, насочена кон подобрување на безбедноста на Далечниот Север.
- „И предвидувам дека на подолг рок ќе го видите, секако, нуклеарниот чадор како врвен гарант на нашата безбедност тука во Европа и Канада. Но, исто така и силно конвенционално присуство на САД тука во Европа, што е клучно. Сите го знаеме ова. А НАТО не е таму само за да ги заштити Европа и Канада, туку е таму и за да ги заштити Соединетите Американски Држави. И за Соединетите Американски Држави да бидат безбедни, ви треба силен и безбеден Арктик, безбедна Европа, но и безбеден Атлантик. Значи, ние сме заедно во ова. Така беше основан овој сојуз пред 77 години“ – Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Германскиот министер за одбрана Писториус инсистира на понатамошна европска „одговорност“ во одбранбените напори на НАТО. Тој ја нагласи потребата европските земји да се потпрат на САД како нивен најсилен сојузник.
- „За да се одржи НАТО трансатлантскиот, потребно е да се направи поевропски, да се преземе поголема европска одговорност. И во исто време, да се биде во можност да се потпреме и да веруваме – тоа е она што го правиме – на нуклеарното одвраќање кое со децении го обезбедуваат САД“ – Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.
Според аналитичарите, Европејци споделуваат две опции – дека можеме да се најде изводлива интеракција со САД и втората е дека конечно ќе се кренат, дека големите лидери – Франција, Германија, Велика Британија, Полска, Италија – ќе ги здружат силите и ќе испратат заедничка порака дека Европа ќе се справи со предизвиците.
На врвот на агендата се ситуацијата во Украина и вклученоста на САД во НАТО.
На јулскиот самит европските сојузници – со исклучок на Шпанија – плус Канада се согласија со барањето на Трамп да инвестираат ист процент од своето економско производство во одбрана како и САД во рок од една деценија.
Европските лидери ветија дека ќе потрошат 3,5% од бруто домашниот производ за основна одбрана и дополнителни 1,5% за инфраструктура поврзана со безбедноста – вкупно 5% од БДП – до 2035 година.
Билјана Ставрова
