Вести Македонија Топ вести

Одбраната контра вештакот – судење во случајот „Онкологија”

Одбраната на ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев со контра прашања кон вештакот од Словенија, докторка Маја Равник, ги оспоруваше нејзините наоди и забелешки за несоодветно лекување на онколошките пацинети. Дел од прашањата ги насочија кон протоколите. Таа потврди дека пред да почне со вештачењето, ги немала предвид македонските протоколи, туку се водела од европските. Но, потенцираше дека разликите може да се минимални и не смеат да ја заобиколат медицината базирана на докази

„Националните протоколи секогаш се во согласност со европските и светските протоколи. Затоа наводите што ги дадов за неиндицирано лекување, тоа е неиндицирано лекување како во Македонија, така и во Словенија и која било држава, се темелат на докази и докажани разни медицински студии, што значи со докази поткрепена медицина“, рече докторка Маја Равник, судски вештак од Словенија.

Според вештакот, и покрај тоа што протоколите се живи и се менуваат, тоа не значи дека се негира лекувањето кое претходно, туку се надополнуваат.

Одбраната го спореше тоа што нема лиценца за судски вештак. Таа кажа дека за да го изготви ова мислење била именувана за вештак со одлука на Комисијата за судски вештачења при Медицинскиот факултет во Марибор, што во Словенија е еднакво како да е судски вештак.

Адвокатите сметаат дека вештачењето е нестручно направено.

Докторка Равник рече дека лекарот кој го води пациентот и запознаен е со неговата болест, најдобро знае како болеста реагира на одредени лекови, но потенцеираше дека не оправдува агресивни лекови во сосотојба кога пациентот е во тешка состојба и ослабен, со оштетени органи, да се даде терапија која дополнително ќе му ја влоши состојбата.

На барање на адвокатите, Равник се согласи да го дополни вештачењето со тоа кој доктор ги препишувал лековите кои беа опорени како несоодветни.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе