Вести Македонија Топ вести

Нови тужби за клевета од поранешен обвинител на СЈО за Кадриу

Нова најава за тужба против адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу поради нејзините обвинувачки изјави за функционирањето на СЈО. Денеска основната јавна обвинителка на Гостивар, Елизабета Јосифоска, која беше дел од СЈО, а беше и заменичка на Катица Јанева, најави тужба на Кадриу, доколку таа не ѝ се извини, бидејќи наводите изнесени во интервју за ТВ Алфа не ѝ се точни, туку станува збор за лажни и клеветнички изјави.

„Кадриу изнесе низа клевети и очигледни лаги и во однос на постапувањето по предметот познат во јавноста под името „Пуч“. Дека се што кажа е лага и невистина во однос на овој предмет е очигледно од фактот што предметот со сите докази е предаден од Основниот Кривичен суд Скопје на СЈО кон крајот на јуни во 2016 година. Во тоа време Лејла Кадриу веќе не беше јавен обвинител во СЈО, па се поставува прашањето како воопшто можела да го види предметот „во некое ќуше, неотворен и спакуван во прозирни фолии“, соопшти Елизабета Јосифоска, основна јавна обвинителка на ОЈО Гостивар.

Во краток телефонски разговор, адвокатката Лејла Кадриу нѝ кажа дека е чудно како после цела недела од емисијата, обвинителите решиле да ѝ побараат извинувања за реченото за нејзините сознанија и сомнежи за злоупотребите, и финансиски и истражно-професионални, направени во СЈО.

Интервјуто беше пред шест дена, а откако беа спомнати, тужби најавија и Гаврил Бубевски и денеска Јосифоска. Кадриу тврдеше дека политички се одредувало кого СЈО треба да гони и дека документите не се чувале соодветно, но двајцата обвинители одговорија дека таа раскажува ситуации кои не се точни и на кои таа не можела да сведочи, бидејќи во времето за кое зборува, таа веќе не била обвинителка, а извештаите на СЈО, според нив, покажуваат дека нејзините тврдења не се точни.

Миомир Серафиновиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе