Според податоците на Евростат за 2025 година, 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години во Македонија користат алатки за генерирана вештачка интелигенција, што е под просекот на Европската Унија од 63,8 отсто.
Највисока употреба на вештачка интелигенција во ЕУ е забележана во Грција – 83,5 отсто, во Естонија – 82,8 отсто и во Чешка – 78,5 отсто., додека најнизок процент е забележан во Романија – 44,1 проценти.
Младите најчесто користат вештачка интелигенција за приватни цели, за помош во образованието и за професионалн и потреби. И кај нас и во ЕУ, младите до 24 години речиси двојно повеќе користат вештачка интелигенција во однос на општата популација од 16 до 74 години.
