Власта предлага итно да се продолжи рокот за легализација на дивоградбите. Наместо како што истекува до 3 март годинава, општините да може уште пет години да работат на легализација на дивоградбите.
Предлог измените веќе се објавени а се предложени од група пратеници од владеачкото мнозинство. Како што се вели во образложението ова било барање на ЗЕЛС, а иницирано од Општина Битола.
Причините биле што имало голем дел незавршени предмети, а општините не можеле да одговорат навремено согласно досегашниот рок од вкупно 15 години.
Сепак според предлагачите продолжувањето на рокот нема да значи поднесување на нови барања за постапување со бесправно изградени објекти.
Инаку законот важи од март 2011 година, а рокот во два наврати претходно е продолжуван.
