Во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран Заев и секако неговиот другар, Венко Филипче. Вклученоста си ја потврди сам Заев, се јави бранејќи се, наместо да им се извини на граѓаните за сиот криминал што го има направено, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Според партијата на Заев веќе никој не му верува, ама со жалопојќите на Фејсбук, тој самиот покажа дека е погоден и фатен жив на дело. Нешто што е јасно во јавноста е несомнениот факт дека неговата влада се прослави со актуелизирање на бизнисот со марихуана, продаден како грижа за здравјето на граѓаните или канабис за медицински цели.
Како и да е, факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев, потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ.
Откриваат дека станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат како М’гчев кој пак бизнисите ги тера со Вице Заев.
