Во Сингапур веќе не се поставува прашањето дали ќе има летечко такси туку кога тоа ќе биде целосно интегрирано во секојдневието на жителите на Сингапур.
На 10-тиот Сингапурски воздушен саем, кој се смета за најголемата изложба за воздухопловство и одбрана во Азија посетителите имаа прилика да ги видат превозни средства на иднината. Фил Свинсбург кој е директор на Азиско-пацифичките операции и развој на бизнисот за Виск Аеро за летечкото такси вели дека ќе биде првото во светот автономно возило за четири патници.
Директорот е убеден дека летечките такси возила се реалност што наскоро ќе се случи, потенцирајќи дека тоа првпат ќе биде на азискиот контитент.
„Значи, Виск е создаден за да овозможи безбедно секојдневно летање за сите. Тоа за нас значи да можеме да ги намалиме гужвите од секојдневното патување низ урбаните средини и веруваме дека урбаната воздушна мобилност, или напредната воздушна мобилност, е начинот на кој можеме да го постигнеме тоа“, вели тој.
Виск Аеро, подружница на американскиот производител на авиони Боинг, сè уште е во процес на одобрување на летечкото такси. Многу од врвните компании за воздушна мобилност на Сингапурскиот воздушен саем се ентузијастите и сметаат дека новиот формат на такси е навистина блиску до реалноста.
„Сега сме на прагот на ова. Навистина има пет до шест играчи во светот и ова станува реалност. И тоа не е само напредокот на технологијата и развојот на бизнисите, туку и регулативата се развива со темпо. Инфраструктурата се развива со темпо. Сè е подготвено ова да биде трансформативен момент во авијацијата“, вели Стјуарт Симпсон, извршен директор на „Вертикал Аероспејс“.
Како функционира летечкото такси?
Леталото познато како „електрично возило за вертикално полетување и слетување, или eVTOL – се крева од земјата како хеликоптер пред да лета со брзина до 322 километри на час. Овие летала го прават тоа без да го полнат воздухот со прекумерна бучава предизвикана од хеликоптери на гориво и мали авиони.
Летечките такси возила направија доволно регулаторни пробиви со Федералната администрација за воздухопловство на САД за да резултираат со неодамнешното создавање на нова категорија авиони наречена „моторизиран лифт“, чекор што агенцијата не го презеде откако хеликоптерите беа воведени за цивилна употреба во 1940-тите.
Сепак не сите се согласни дека ова е вистински момент. Алан Лим директор во „Алтон Авиатион Консултанси“ смета дека нема доволно регулација за превезување на патници во САД што го прави Дубаи место кое најверојатно ќе биде приспособено за ваквите возила да овозможат комерцијални летови до крај на годината.
Т.Д.
🇨🇳FLYING TAXIS TAKE OFF IN CHINA
With a price tag of $330,000 and a safety record Boeing would be jealous of, would you use one?pic.twitter.com/qQ8Ms6eyxR
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) March 19, 2024
