Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на повеќе локации низ државата откриле 11 лица кои управувале моторни возила без возачка дозвола или со активна забрана за управување, меѓу кои и двајца малолетници. Акциите биле спроведени во Ресен, Прилеп, Гостивар, Скопје, Струмица, Кавадарци и Струга.
При сообраќајните контроли, возачите биле лишени од слобода, а возилата во повеќе случаи биле привремено или трајно одземени по насоки на јавен обвинител. Дел од лицата управувале возила без положен возачки испит, додека еден возач бил затекнат со активна забрана за управување моторно возило.
По целосно документирање на настаните, против сите инволвирани лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
