Вести Македонија

Истрага за 5 тони шверцувана марихуана

Истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија – е во критична фаза. Чија е марихуаната, како е вмешана компанијата, станува ли збор за организирана група која во континуитет го користела бизнисот за шверц? Премиерот Христијан Мицкоски порача дека јавноста треба да почека на резултатите од истрагата.

„Јас би се воздржал од било какви тврдења додека истрагата не даде резултати. Тие резултати ќе дадат одговор на многу од овие информации, од кои дел се информации, но дел се и дезинформации. А од каде знаеме дека поминала од Македонија?“ – изјави премиерот Мицкоски.

Според досегашните информации од српските власти, марихуаната во Србија влегла од Македонија, а во јавноста беше објавено дека еден од приведените е косопственик во скопската компанија „Алфафарм“, регистрирана за одгледување канабис за медицински цели.

Пред два дена, од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи.

Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, извршило вонредна контрола во компанијата, но засега не соопштува детали.

Министерот Алиу најави и законски измени со цел дополнително регулирање на дејноста, посочувајќи дека во постојниот Закон биле детектирани одредени слабости.

„Работната група започна со анализи уште пред да излезе овој случај во јавноста. Целта е подобро следење на активностите. Досега се издадени 60 лиценци, 18 се одземени поради непрописно работење и континуирано ги следиме извештаите што фирмите се обврзани да ги доставуваат,“ – рече Алиу.

Од дел од фирмите што легално произведуваат канабис за медицински цели, пак, велат дека до нив не стигнала официјална иницијатива за промена на законите. Тие изразуваат загриженост дека евентуални избрзани измени би можеле да му наштетат на легалниот бизнис, особено на извозот, кој најчесто е насочен кон Германија и други европски земји. Меѓу легалното производство и шверцот – бизнисот со марихуана се претвори во тема податлива за контроверзи и постојани политички обвинувања.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе