Вести Економија Топ вести

Ќе се гради нова гасна централа во вардарскиот регион

Нова Когенеративна гасна централа планот е да се гради во вардарскиот регион од 495 мегавати. Вкупната инвестиција е проценета на 445, 5 милиони евра. Фирмата која пројавила интерес за ова е Статут Енерџи ДОО Скопје.

Изборот е направен според критериумот прв дојден прв услужен. Новата гасна централа е дел од планот за изградба на енергетски капацитети со можност од 4,4 гигавати и вкупна инвестиција од над 3, 7 милијарди евра. За енергетскиот сектор овие бројки се доста важни и големи но во идина не се знае од сето ова што е ставено на хартија дали и што ќе биде реализирано.

Ние ќе бараме банкарска гаранција која ќе биде 25.000 евра за 1 мегават и за 2-3 месеци ќе знаеме што точно и кој до каде е во процесот на добивање дозволи и започнување со градба, изјави  министерката за енергетика, Сања Божиновска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе