Вести Македонија Топ вести

(видео)Филипче за РСЕ: Тужба против Жан Митрев за монтираниот случај со измислен рекет

Претседателот на СДСМ, во интервју за Радио Слободна Европа рече дека клеветите против него од Жан Митрев се монтиран случај, измислен за наводен рекет, и најави тужба против Жан Митрев.

  • „Се поставува прашањето зошто Жан досега не го направил тоа? Зошто Жан Митрев досега не поднел пријава во обвинителството и зошто сега откако го објави на тој начин во јавноста, не поднесе пријава во обвинителството, туку чека да обвинителството тоа го направи по добрен глас? “, изјави Филипче.

Филипче во интервјуто нагласи дека ваквиот начин на постапување јасно укажува дека нешто не е како што треба и дека станува збор за конструиран и монтиран случај.

  • „Очигледно е дека нешто не е како што треба и како што кажа во јавноста и претходно, очигледно дека станува збор за монтиран случај. Повторно, некој монтиран, измислен рекет случај“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче посочи дека ќе почека институционална постапка од обвинителството.

  • „Како и да е, ќе чекаме обвинителството да се изјасни. А откако ќе констатира дека ништо од тоа не е вистина, тогаш ќе поднесам приватна тужба против Жан Митрев за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.

Тој потенцираше дека неговиот личен и професионален интегритет е неприкосновен.

  • „Честа и угледот за мене се највредното нешто во животот. Јас макотрпно сум работел и некорумпирано, ниту на Клиниката за неврохирургија, ниту во рамките на мојата јавна функција во Министерството за здравство немало системска корупција. И нема да дозволам некој да ми го валка честа и угледот, затоа што тоа за мене е највредно“, порача Филипче во интервјуто за Радио Слободна Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе