Од денеска, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека во левови веќе нема да може да се плаќаат стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија.
Цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до 8-ми август, со за да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики.
Бугарите кои и натаму имаат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во „Бугарски пошти“ до 30-ти јуни, додека Националната банка на Бугарија ќе обезбеди бесплатна и неограничена замена на левовите во евра и по тој датум.
Министерството за финансии потсетува дека трговците веќе немаат обврска да примаат левови, а кусурот во секоја трансакција се враќа исклучиво во евра.
Бугарија на први јануари годинава официјално го воведе еврото и стана 21-ва членка на евро-зоната, 19 години по влезот во Европската унија.
