Вести Свет Топ вести

(фото)Мирослав Лајчак си поднесе оставка, тој и Мило Ѓукановиќ се споменати во досиејата поврзани со Џефри Епштајн

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес ја прифати оставката на својот советник Мирослав Лајчак, откако се појавија тврдења дека неговото име е споменато во документите на Џефри Епштајн.

„Одамна не сум видел толку лицемерие“, рече Фицо во врска со информациите дека името на Лајчак е споменато во документите на американскиот бизнисмен и сексуален престапник Џефри Епштајн, објавува словачка „Правда“.

Мирослав Лајчак му ја понуди својата оставка на словачкиот премиер денеска, а Фицо ја прифати, наведувајќи дека „сè се користи за да се нападне“, иако Лајчак ги отфрли обвинувањата од документите на Епштајн.

  • „Лајчак уште еднаш докажа дека е одличен дипломат и ја прифаќам неговата понуда за прекин на соработката, иако сите, не само јас, губиме неверојатен извор на искуство во дипломатијата и надворешната политика“, рече премиерот Фицо во соопштението.

Во исто време поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ е споменат во досиејата поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, кои беа објавени од Министерството за правда на САД, објави црногорскиот портал Вјести.

Ѓукановиќ се споменува во пораките што Епштајн наводно ги разменил со словачкиот политичар Мирослав Лајчак.

Да потсетиме дека Лајчак во 2006 година беше назначен за пратеник на Европската Унија за спроведување на Референдумот за независност на Црна Гора, потоа беше специјален пратеник на ЕУ за Босна и Херцеговина од 2007 до 2009, како и министер за надворешни работи на Полска во периодот 2012 – 2020.

Лајчак напишал во една од пораките дека претседателот Црна Гора „се радува на посетата“.

Епштајн му одговара на Лајчак „Можеби треба да му даде на Доналд безбедно засолниште“.

Лајчак одговара дека „слабата точка на Доналд е Црна Гора“.

Потоа Епштајн му пишува на Лајчак дека поранешниот адвокат на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, Мајкл Коен и поранешниот советник на Трамп, Пол Манафорт, се „и двајцата виновни“ и пишува „почеток на крајот“.

За време на преписката, Епштајн му испраќа на Лајчак и линк од порталот „Њујорк пост“ со статија за Црна Гора и слика од Котор, на што Лајчак одговара „Ви кажав дека Црна Гора е одлична“.

Епштајн го прашува и Лајчак дали Ѓукановиќ е претседател или премиер на Црна Гора, а Лајчак одговара дека тој е претседател.

Некои од пораките биле разменети во август 2018 година, а некои на 21 септември истата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе