Коригирана ќе биде новата производна цена на оризовата арпа до крајот на неделата.
Ваква најава добиле кочанските оризопроизводители кои имале средба со надлежните од министерство за земјоделство во текот на минатата недела.
Пред седум дена кочанските оризопроизводители најавија дека ќе протестираат и ги блокираат патиштата, бидејќи новата производна цена на ориозвата арпа од 23 денари за килограм е многу ниска.
Тие бараат новата цена да изнесува 27 денари за килограм. Во моментов и откупната цена е ниска изнесува од 18 до 20 денари и затоа само 5% од ланската реколта е откупена.
- Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025. Дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација. Ние баравме откупна цена околу 40ден. за килограм арпа, за и ние земјоделците работиме со некаква добивка, вели Максимов-Национална мрежа на земјоделци.
Кочанските оризопроизводители велат дека без редовен и организиран откуп, оризот и понатаму ќе остане непродаден.
- Со редовен откуп да започнат откупувачите, бидејќи и да имаме цена доколку откупувачите не ни го земаат родот, оризот повторно ќе ни стои во амбарите. Како што реков само 5% е откупено, а тоа што е откупено е по основ на тоа што они им имат дадено репроматрејали и тоа си го наплаќаат, а откуп не се врши– изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци
Максимов вели дека терен веќе се преземаат одредени мерки, а ќе следуваат и санкции против откупувачите, доколку се утврдат неправилности. Според проценките од ланската реколта произведени се од 20 и 24 илјади тони оризова арпа.
Викторија Јованова
Б.С.
