Вести Македонија Топ вести

За 11 полицајци запрена истрагата за трагедијата во Пулс- меѓу нив и осомничените началници кои предупредувале на опасноста од Пулс пред 3 години, но беа во притвор

За вкупно 11 полициски службеници е запрена истрагата за пожарот во Пулс во Кочани, во кој загинаа 62-ца главно млади луѓе, а над 210 беа повредени. Според документите во кои Телма имаше увид, во две засебни постапки – обвинителството утврдило дека полицајците не биле надлежни за проверка на противпожарна заштита туку за сосема други проверки од полицискиот домен на обврски во Законот за угостителска дејност.

-Дејствијата на полициските службеници опфатени со овој предмет не се поврзани со проверки за минално-технички услови за работа и за противпожарна заштита, туку исклучиво за проверки за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот, кое нешто се однесува исклучиво на обезбеден број на паркинг места, а за кои проверки обезбедени се докази дека не ги извршиле правилно, според мислењето на ова Обвинителство, дејствијата на истите не може да се подведат под правната квалификација за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, стои во одлуката на ОЈОГОКК за запирање на истрагата за 7 полициски службеници. 

За двајца од осомничените се запрени две истраги. Обвинителството оценило дека нивните дејства всушност ги исполнуваат условите за кривично дело злоупотреба на службената положба, но за тројца од 11-те полицајци утврдиле дека им застарело делото затоа што штетата била мала односно онолку пари колку што на легалните сметки пријавувал газдата на Пулс Дејан Јованов-Деко иако реално заработката и профитот на кабарето била многу поголема, ама не била пријавувана преку таа сметка.

Обвинителството најави повеќе информации дури за утре откако Телма уште синоќа ја објави информацијата за запирање на истрагата за дел од полициските службеници.

Истрага поврзана со Пулс се води за уште 12 полициски службеници и началници. Судењето кое почна е за истото дело „Тешки дела против општата сигурност“ против 35 обвинети по што има и јавни реакции зошто се обвинети екс функционери кои исто така немале задолжение за противпожарна проверка.

Неколку од осомничените полицајци и началници уште во ноември 2022-ра со проблемска информација доставена во СВР Штип барале затворање на Пулс, но три месеци подоцна газдата Јованов ја сменил фирмата и без проблеми добил согласност од полицијата. Досега нема истрага за тој голем пропуст, а оние што алармирале за проблемот таа година,  во истрагата после трагедијата добија пријави по трагедијата. Сега им се запрени постапките.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе