Вести Македонија Топ вести

Џихан Ахмед се повлече, Амдиу и Бејзароски избрани за членови на КЗСД

По силните реакции во јавноста,откако се покажа дека го нема потребното работно искуство за оваа позиција, а за време на јавното претставување во Собранието покажа и непознавање на оваа област,  кандидатката за членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Џихан Ахмед, ја повлече кандидатурата.

За нејзината позиција повторно ќе биде распишан оглас.

Најгласни во забелешките за кандидатурата на Ахмед беа од Мрежата за заштита од дискриминација, кои остро реагираа по јавната расправа, на која, на директно прашање од претставници на граѓанските организации за суштината, механизмите и обврските што произлегуваат од Истанбулската конвенција, таа не даде конкретни правни одговори, туку говореше за денешен Истанбул и за правото на носење марама за време на владеењето на Мустафа Кемал Ататурк.

Двајцата други кандидати, Наташа Амдиу и Лимко Бејзароски се избрани за членови на комисијата. Бејзароски е всушност реизбран, затоа што и досега  беше член, а е и поранешен претседател на оваа комисија.

Пратениците денеска го реизбраа и ново-стариот состав на Државната изборна комисија.

Нов е само претседателот, Бојан Маричиќ, кој е предлог на СДСМ.

Досегашниот претседател, Борис Кондарко ќе биде член на комисијата, а за потпретседател е повторно избран Абдуш Демири од БЕСА. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги задржаа досегашните членови, Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова и Дитмире Шеху.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе