Вести Свет

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ситуацијата околу Гренланд не ја засега неговата земја.

– Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега, рече Путин за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија.

Според рускиот претседател, САД и Данска ќе најдат заедничко решение.

– Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе, истакна тој.

– Патем, Данска секогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија, доста строго, ако не и сурово. Но, тоа веќе е сосема друго прашање, тешко дека сега некого го интересира тоа, рече Путин.

Според него, САД „можат да си дозволат“ да го „купат“ Гренланд, доколку тој се продаваше по цени споредливи со оние по кои Русија им ја продала Алјаска на Американците во 19 век. Рускиот претседател рече дека според неговите пресметки, сумата за купување на Гренланд би можела да изнесува помеѓу 200 милиони и 1 милијарда долари.

– Површината на Гренланд е малку поголема (од површината на Алјаска), според мене е еднаква на 2,166 милиони квадратни километри … Односно разликата е приближно 450-449 илјади квадратни километри. Епа, ако го споредиме тоа со вредноста на стекнувањето на Алјаска од страна на САД, тогаш цената за Гренланд би била некаде околу 200-250 милиони долари, рече рускиот лидер.

– Ако ги земеме предвид тогашните цени на златото, таа бројка би била поголема, веројатно околу милијарда. Но, мислам дека САД ќе можат да си ја дозволат и таа сума, додаде шефот на руската држава.

Путин доцна синоќа потврди дека американскиот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе дојдат во посета на Москва на нови разговори поврзани со можен крај на војната во Украина.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик, консензус не е постигнат за пет клучни прашања

Igor Trajkov

Се помалку време за пронаоѓање преживеани во земјотресот во Венецуела

Дејан Дејан

Мицкоски лично го води процесот за следење на цените и потрошувачката кошница, анализира над 600 производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе