Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по Саит Саитов (18) од Скопје, лице кое прегази 75-годишна жена во главниот град, избега од местото на настанот и ја напушти државата.
Лицето се бара по централна и меѓународна потерница по барање на основното Јавно обвинителство Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Трагичниот настан се случи на 9 јануари, додека 75-годишната се движела по улицата „Народен фронт“ во близина на трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец, кога автомобил удри во неа, а возачот побегна од местото на настанот. Таа беше тешко повредена и превезена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегна на повредите.
С.Д.
