Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

Телма репортажа од изборниот ден во Маврово-Ростуше – додека едни гласаат, други ги пакуваат куферите!

Додека едни гласаат, други ги пакуваат куферите. Изборното утро во Маврово и Ростуше го одбележа заминувањето на нова група печалбари, потсетувајќи на деценискиот проблем со иселувањето кој директно влијае врз излезноста.

И покрај снегот и блокираните патишта во некои села, гласањето се одвива без поголеми проблеми

На денешниот изборен ден, оваа група печалбари утринава од мавровско-реканскиот крај замина за Италија каде се на привремена работа.  Нивниот животен пат е дел од деценискиот предизвик на луѓето од овие краишта за подобар живот што е пак причина да се испразнат овдешните населени места.

„70% од жителите од селава се отселени, толку многу се иселија, зошто нема работа овде за сите. За младата генерација нема работа и во моментов единствена можност ја бараат само на запад“ – вели Шабан Рамадани.
Големиот број иселеници и понатаму ќе биде проблем за излезноста, оценува нашиот соговорник.

Иако некои гласале па заминале, голем број од нив се во странство за работа.

„Пак ќе нема излезност сигурно, само сега кој ќе има повеќе тој ќе победи, така да мислам ќе биде сè во ред. Барем во нашиов крај никогаш проблеми околу гласањето не се десило, било без последици, без проблеми“ – додава Рамадани.

Во три села гласањето е почнато подоцна од 7 часот. Причина е во тоа што луѓето од избирачките одбори заедно со изборниот материјал не можеле навреме да стигнат.

Се работело на расчистување на патиштата поради висока снежна покривка или паднати дрвја или бандери. Други проблеми немало.

„Тоа се – избирачкото место во Сенце каде што гласањето започна со доцнење од 1 ч и 20 мин, во Нистрово и Бивај околу 40 мин, во Орќуше, околу 2 и пол часа, во другите места секаде е отворено на време“ – вели Фикрет Ибраими, член на општинската изборна комисија во Маврово Ростуше.

На останатите избирачки места по отворањето гласањето се одвива нормално и без проблеми.

Во Општина Маврово Ростуше има 10575 гласачи, кои можат своето право за гласање да го остварат на 39 избирачки места.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе