Вести Македонија Најважни

По оставката на Коцевски, за В.Д. државен обвинител е поставена обвинителката Анита Тополова Исајловска која бараше да падне обвинението за „Талир“ и имотот на ВМРО – ДПМНЕ

Советот на Јавни Обвинители денеска по предлог на членот Кети Петковска, за в.д. Државен обвинител ја избра обвинителката Анита Тополова Исајловска од составот на Државното Обвинителство на РСМ. Исајловска беше единствена кандидатка и беше едногласно избрана.

Исајловска ќе го преземе вршењето на највисоката функција во обвинителството откако претходниот Љупчо Коцевски си даде оставка истиот ден кога требаше Собранието да расправа по владиниот предлог за негово разрешување.

До избор на нов обвинител, Советот на јавни обвинители избира вршител на должност кој мора да биде од редот на обвинителите во Државното јавно обвинителство. Исајловска е обвинител во Државното обвинителство со најдолг стаж од сегашните членови. Мандатот на Исајловска може да трае најдолго 6 месеци или до избор на нов Обвинител.

Исајловска била заменик на Државниот обвинител во мандатите на тројцата последни обвинители Марко Зврлевски, Љубомир Јовевски и Љупчо Коцевски, кажа Кети Петкова, членот на Советот на јавни обвинители која и ја предложи за В.Д.

Таа како обвинител во државното обвинителство поднесе Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) до Врховниот Суд за случајот Талир. Исајловска сметаше дека обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ треба да се укине поради начинот на прибирање на доказите и рокот за поднесување. Врховниот суд го отфрли БЗЗ-то и продолжи предметот „Талир“ во кој беше обвинет и екс премиерот Никола Груевски. Судењето е во тек.

Исајловска е сопруга на Илија Исајловски, поранешниот амбасадор во Москва кој беше предложен и за амбасадор во  Пекинг, кина. Илија Исајловски беше амбасадор во време на владата на Никола Груевски, а исто така беше и заменик министер за надворешни работи во тој период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце

Tea Dimkovska

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Tea Dimkovska

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе