Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министервото за земјоделство, сточарство и водостопанство.
- Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопштија од министерството.
Инаку претпладнево пред седницата на Економско социјалниот совет пред владата, прес-конференција одржаа и сточари и земјоделци од целата држава поради, како што велат, катастрофалната состојба во македонското овчарство и заостанатите субвенции за 2024 година. Тие најавија и протести доколку не ги добијат субвенциите.
(Видео) Сточарите на протест пред влада – ги бараат субвенциите од 2024 година
