Вести Култура

Крис Риа, пејачот на „Driving Home for Christmas“, почина на 74-годишна возраст

На 74-годишна возраст почина пеачот Крис Риа, зад себе ги остави незаборавните хитови како „Driving Home for Christmas“, „Fool (If You Think It’s Over), „Let’s Dance“ и „The Road To Hell“.

Неговата популарност достигна кулминација на крајот на седумдесеттите и осумдесеттите години.

  • „Тој почина денес мирно во болница по кратко боледување, опкружен со своето семејство“, се вели во соопштението од неговата сопруга и двете деца.

Музичарот претходно бил дијагностициран со рак на панкреас и му бил отстранет панкреас во 2001 година.

Риа е роден во Мидлсбро во 1951 година од татко Италијанец и мајка Ирка – неговото семејство се занимавало со бизнис со сладолед, а Риа дури и го полагал возачкиот испит во комбето за сладолед на неговиот татко.

Тој сè уште работеше за својот татко кога ја купи својата прва гитара, „Хофнер V3“ од 1961 година, во раните 20-ти години.

Тој снимил 25 соло албуми, од кои два се искачиле на врвот на британската листа на албуми. Неговиот препознатлив груб глас и свирење на слајд гитара се зачувани во песни како што се „Road to Hell“, „Auberge“, „On the Beach“ и „Driving Home for Christmas“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце

Tea Dimkovska

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Tea Dimkovska

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе