Вести Економија

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот без промена – цени на горивата од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 е 70 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 72 денара, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Цената на дизелот не се менува и останува 64,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,607 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување  кај бензините во просек за 2,899 отсто, кај дизелот за 0,779 и кај екстра лесното масло за 5,006 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,964 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0166 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Името на Трамп отстрането од Центарот „Кенеди“ по судска одлука

Tea Dimkovska

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе