Вести Свет

Зеленски: САД нудат нов формат на разговори што ги вклучува Русија и Украина

Американските власти понудија потенцијален нов формат за мировни преговори меѓу Украина и Русија, со учество на американски и можно европски пратеници, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Киев ќе одлучи за форматот кога ќе биде јасно дали билатералните разговори со американските преговарачи, кои продолжија и денеска, се позитивни, рече Зеленски, додавајќи дека планира ова прашање да го покрене со шефот на украинската делегација Рустем Умеров.

Обраќајќи им се на новинарите во Киев, Зеленски не влезе во детали за тоа каков формат предложила администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

САД рекоа дека ќе имаат посебен состанок со претставниците на Русија. И го предложија следниов формат, колку што јас разбирам: Украина, Америка, Русија и, бидејќи таму се претставниците на Европа, веројатно и Европа, рече Зеленски.

Украина и Русија немаат преговарано лице в лице од јули, но шатл-дипломатијата поддржана од САД за прекин на речиси четиригодишната војна во Украина се интензивираше во последните недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе