Вести Свет

САД привремено ја суспендираа лотаријата за зелена карта

Американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендира програмата на лотарија за зелена карта по масовното пукање на универзитетот „Браун“ во кое двајца студенти беа убиени.

Осомничениот Португалец, кој беше пронајден мртов на 18 декември, влегол во САД преку програмата за имигрантски визи ДВ1 за лотаријата на разновидност во 2017 година и добил зелена карта. Се верува дека на 15 декември го убил и португалскиот професор на Технолошкиот институт во Масачусетс.

Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем ја суспендира програмата по насоки на Трамп. Целта е, како што рече, „ниту еден Американец да не биде оштетен со оваа катастрофална програма“.

Трамп се обидуваше да стави крај на програмата и во 2017 година, кога во напад со камион во Њујорк беа убиени осум луѓе, напиша Ноем на социјалните мрежи.

Програмата овозможуваше до 50.000 визи годишно за апликации од земјите со ниска стапка на имиграција во САД.

Фото: youtube/screenshot

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе