Со констатирање на оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, де факто започна процедурата за избор на негов наследник. Коцевски вчера соопшти дека поднел неотповиклива оставка, непосредно пред почетокот на собраниската седница на која како точка на дневен ред беше токму неговото разрешување, оценувајќи го предлогот како политичка одлука.
За испразнетата функција се активираат законските рокови за избор на нов јавен обвинител. Според Законот за јавни обвинители, по предлог на Владата, Собранието треба да распише јавен оглас, по што ќе следува постапка со мислење од Советот на јавни обвинители. Конечниот избор го врши Собранието со просто мнозинство од пратениците.
