Вести Македонија

Телма дознава: Јована Тренчевска добива потпретседателска функција во СДСМ

Телма од свои извори дознава дека една од двете испразнети потпретседателски позиции во СДСМ ќе ѝ припадне на поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Во јавноста веќе е познато дека потпретседателска функција ќе добие и д-р Александар Трајановски.

Тие доаѓаат на местата на Ана Чупеска и Методија Илиевски. Новите имиња во раководството на СДСМ ќе бидат потврдени вечерва на Централниот одбор на партијата.

Ќе бидат заменети и сите членови на Извршниот одбор кои си поднесоа оставки по локалните избори, а новите кадри се спој на младоста и на искуството, како што претходно најави лидерот на партијата, Венко Филипче.

Петар Догов

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе