Вести Свет

21,5 години затвор доби возачот кој ги прегази навивачите на Ливерпул за време на парадата по минатогодишната титула во Премиер лигата

Мажот кој повреди 134 лица откако со автомобил влета во навивачите на Ливерпул, кои ја прославуваа шампионската титула во Премиер лигата, денеска е осуден на затворска казна во траење од 21 година и шест месеци.

Инцидентот се случил на 26 мај во Ливерпул, на прославата по освојувањето на титулата, кога 54-годишниот Пол Дојл со автомобил влета во навивачите.

Дојл се изјасни за виновен во ноември по 31 точка од обвинението, вклучувајќи опасно возење и повеќекратни точки од обвинението за обид или предизвикување тешки телесни повреди и нанесување тешки телесни повреди со намера

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе