Вести Македонија

Maж се обидел со шприц да ѝ вбризга непозната течност на неговата сопруга, а потоа ја избодел

Четириесет и осум годишен маж вчера се обидел со шприц да ѝ вбризга непозната течност во устата на неговата сопруга. Потоа зел остар предмет и ја избодел. Вакво семејно насилство се случило вчера во струмичко село, при што е повикана полиција а мажот е приведен и задржан во полициската станица во Струмица. За случајот е запознаен и јавен обвинител кој дал насоки за документирање на случајот по што против насилниот сопруг ќе се поднесе соодветна пријава.

Овој настан се случува само ден откако во Струмица се одбележа почетокот на 16 дена активизам против насилството врз жени и девојки. Психолозите велат дека наислството сѐ повеќе се пријавува, но, најпрепознаено е физичкото, каде има видливи повреди. Потешко се пријавуваат, но и препознаваат другите облици на насилство, меѓу кои и дигиталното кое е во фокус на годинашната кампања.

„Последните статистики и анализи велат дека дури 80 отсто од жените биле сведоци на дигитално насилство, а 40 проценти од жени во Македонија биле жртви. Оваа бројка е навистина голема и загрижувачка, покрај онаа на семејното насилство, што ја третираме со основните начела на насилството – физичко, психичко, сексуално, вознемирувањето, се она што во последните измени во законот на семејно насилство влегуват. Бројки кои секојдневно растат, а најмногу што не загрижува, препознавање на дигиталното насилство дека не се работи само за жени, туку и за девојчиња“, изјави  Стојне Митева, психолог.

За да се намали бројот на насилства, стручните лица препорачуваат поголема информираност, но и будност,не само на институциите туку и кај јавноста. Сметаат дека за бората треба локалните власти, н ои државата да издвои позначајни ресусрси за помош и третман на жртвите, во прв ред бесплатни сос линии и советувалишта.

Сузана Мицева

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе