Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде хидроаларм за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември, поради нов бран интензивни врнежи и веќе заситеното земјиште со вода. Опасноста од брзо покачување на водостоите е зголемена низ речиси целата држава.
Најризични се централните и источните региони, каде што во зелена предупредувачка зона влегуваат Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Берово и Делчево, додека западните и југозападните краишта, меѓу кои Битола, Прилеп, Охрид и Струга, се со пониско ниво на опасност.
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека речните сливови на Вардар, Брегалница, Пчиња, Струмица и Радика особено брзо реагираат на обилни врнежи. Во услови на силен дожд, можно е локално излевање на реки, активирање на суводолници и појава на заразена вода поради високото ниво на подземни води.
Се апелира до граѓаните на особена внимателност, особено оние што живеат покрај речни корита и во ниски зони.
