Вести Македонија

Хаџи Јанев: Стратешки, ситуацијата апсолутно ѝ одговара на Русија, од оперативен аспект, Западот е генерален губитник

Ако се тргне од она што Русија сакаше да го добие, тоа е да ја окупира Украина, засега може да се каже дека загуби, затоа што има нешто повеќе од 18 проценти од територијата што ја има заземено, меѓутоа од стратешки аспект нејзе апсолутно ѝ одговара оваа ситуација, затоа што овие територии ќе се зголемат согласно она што тие планираат да го прават, а тоа е целосен инжинеринг на теренот, смета Методи Хаџи Јанев, универзитетски професор, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Смена на популација, населување на население кое што не е наклонето на Украина. И после на целиот демократски инжинеринг, на гласање и самоопределување, нешто што сме го гледале на многу други места, сето тоа може значително да се промени. Во однос на оперативен аспект ако гледаме, би рекле дека генерален губитник е западот, затоа што главната теза, пред сè, на Европската Унија е дека Русија мора да биде поразена, тоа значи дека таа мора да излезе надвор од територијата на Украина. Тоа е очигледно дека нема да се случи и тоа е најверојатно резулат на целиот промашен концепт кој во доменот на безбедносната архитектура Европа го има промашено, а се заснова на ултралибералната логика дека ќе може да правите аутсорс на безбедноста“, вели Хаџи Јанев.

Според него, сега се гледа дека тоа ја чини многу Европа.

„Прво, Европа беше несебична, значителни средства одвои и ги даде на Украина по две, да кажеме, наивни претпоставки, а тоа е дека Украина ќе го реши проблемот со Русија за нив и втората е дека со тоа што ќе направат аутсорс на безбедноста, ќе можат да го заштитат нивниот комодитет и комотниот живот во кој што тие веруваат дека нема место зс решавање на меѓународно политички прашања преку употреба на сила“, додаде Хаџи Јанев.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе