Балкан Вести Македонија

Српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас бил приведен во Кавадарци синоќа бидејќи настапувал во преполно кафуле без пријавен концерт на кој имало и серија други законски прекршувања

Полицијата во Кавадарци синоќа, 10-на минути по полноќ го уапсила српскиот државјанин Александар Вуксановиќ односно пејачот Аца Лукас бидејќи настапувал и правел концерт иако не го пријавил согласно законските прописи.

При приведувањата, пејачот се обидел да им објасни на полицајците дека станува збор за недоразбирање иако при вршењето на контролата учествувале повеќе државни институции кои утврдиле серија неправилности кои ја загрозувале и безбедноста на гостите.

На терен биле полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи.

-Констатирано било дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола. Против А.В е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна. При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најризичната работа на концертот на Аца Лукас била преголем број на гости наместо да има онолку колку што е дозволено. Од полицијата нема детали дали при акцијата се пронајдени и наркотици.

На српскиот турбо фолкер му е изречена глоба од 50 до 250 евра како што пишува во конкретниот законски член поради тоа што „престојува во Република Северна Македонија во спротивност со наведената цел и причини на престојот“.

На повеќе српски портали беа објавени и видео снимки од Кавадарци во кои се гледаат случувањата во Кавадарци, а има и видео каде група посетители на препосетениот настап на Лукас, заминале пред полициска станица каде бил приведен турбо фолкерот.

По трагедијата во Кочани беа засилени контроли врз места и објекти каде се држат концерти и настапи за проверка дали се исполнети безбедносните и други законски услови за вакви јавни настани, но потоа акциите се намалија.

Пред три дена почна судењето за Пулс, а викендот полицијата со други инспекции направи повеќе контроли на угостителски објекти и откри дека во кафуле, без дозвола, српскиот пејач прави концертен настап.

-Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите, велат од МВР.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе