Вести Македонија Најважни

Драган Паунов и Дуле Димитриев се жалат на одлуката на кочанскиот суд за домашен притвор

Двајцата осомничени инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев се жалат на одлуката на кочанскиот суд за домашен притвор. Тие се осомничени од обвинителството дека земале поткуп и му дојавувале на синот на газдата на „Пулс“ кога ќе има ненајавени контроли во диското. Паунов е брат на претседателката на кривичен суд Даниела Димовска, а според адвокатот на нејзиниот брат одлуката за куќен притвор е насочена токму кон Димовска.

Во Кривичниот суд каде Димовска во моментов ја извршува функцијата на в.д. претседател  неделава започна судењето против 35 мина обвинети за пожарот во Пулс во Кочани во кој загинаа 63 млади луѓе. Реакција стигна и од Димовска која вели дека нема никаква улога во предметот.

  • Ниту јас, ниту овој суд има било каква улога во тој предмет, јас не можам и не смеам да влијаам врз него. Како претседател на судот, мојата работа се однесува на обезбедување услови за независнo и непристраснo работење и ја уверувам јавноста дека судот ќе продолжи да работи професионално, законито и транспарентно во постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“, како и досега. Моите лични семејни околности немаат и не можат да имаат никакво влијание врз работењето на конкретниот случај во судот- Даниела Димовска – в.д. претседател на Кривичен суд – Скопје.

Претходниов период дел од медиумите објавија вибер преписка меѓу Паунов и синот на газдата на дискотеката од Михајло Јованов. Меѓу другото во содржината на пораките имаше фотографии од часовник кој наводно треба да е подарок за Паунов, но и дека инспекторот пишува пораки за контроли кои ги вршат во градот.

При поднесувањето на обвинението за трагичниот настан во Кочани, обвинителството негираше дека има истрага за инспектори во УЈП. Сега во постапка се 11 мина меѓу кои и синот на газдата но и други даночни инспектори од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица.

Смета дека, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли. Предметот го работи кочанскиот суд од каде за Телма потврдуваат дека се стигнати и жалбите на обвинителството кое првично бараше ефективен притвор. Судот има рок до утре да одлучи по жалбите.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе