Вести Македонија Најважни

Генералниот секретар на ДКСК, Адем Чучуљ, на чекор до претседател

Актуелниот генерален секретар на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, е на чекор да се искачи едно скалило повисоко.

Со освоени 96,5 бодови од максималните 100, Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи за претседател на комисијата.

Од четворицата пратеници од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ДУИ, членови на Комисијата за селекција, Чучуљ добил од 95 до 100 бода, а речиси максимум бодови – 99, има и од претставникот од невладиниот сектор, Дарко Аврамовски.

Останатите претставници од граѓанските организации кои ги следеа дводневните интервјуа со кандидатите немале право на глас, но ни открија дека немаат никакви забелешки за изборот. Одлуката и на пратениците на денешната комисија беше едногласна.

Тонско Ѓорѓија Сајкоски, претседател ан Комисија за избори и именувања

Чучуљ е допломиран правник, со 19 -годишно работно искуство во Антикорупциската комисија.

Второрангиран на листата е дипломираниот економист, Бранко Смилевски, со 86,33 бода, а трет дипломираниот правник, д-р Кимо Чавдар, со 81,83 бода.

Во интервјуто пред комисијата за селекција, Чучуљ рече дека ќе се заложи за повеќе превентивни антикорупциски мерки и активности, како и за дополнување на регистрите на податоци за поефикасна проверка на имотната состојба на функционерите, бидејќи државата сè уште не го спроведува и не ги полни регистрите, а покрај тоа и не плаќа за набавка на таков антикорупциски софтвер.

Рече и дека, критиките во годинешниот извештај на Европската комисија за работата на комисијата треба да се прифатат и да се работи на нивно отстранување. Европскиот извештај констатираше дека ДКСК не е активна како порано и дека треба да работи проактивно и поефикасно за откривање на случаи на корупција извршена од функционери на власт.

Сега е на потег Собранието, кое треба со мнозинство да го изгласа предлогот на комисијата. Според најавите од законодавниот дом, гласањето за оваа точка ќе се одржи на пленарна седница во првата половина на декември.

Далиборка Демјанска

 

(Видео) Адем Чучуљ со највисок рејтинг за иден претседател на ДКСК

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците

Sasko Dimovski

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе