Вести Свет

Европската комисија не знае дали САД контактирале некого од ЕУ за мировниот план за Украина

На Европската Унија (ЕУ) сè уште формално не ѝ е презентиран т.н. „американски мировен план“ за Украина, но таа од првиот ден од војната ја поддржува земјата и ги брани принципите на Повелбата на ОН, изјави денеска главната портпаролка на Европска комисија, Паула Пињо.

„Не можеме да потврдиме дали имало некакви контакти со САД за оваа конкретна тема, откако документот вчера беше објавен во многу медиуми“, рече Пињо во одговор на новинарско прашање дали постоела некаква комуникација за планот меѓу САД и ЕУ пред тој да биде презентиран или по неговото објавување.

Пињо додаде дека ЕУ „многу интензивно работи“ и останува „ангажирана“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски и Коалицијата на подготвените за постигнување траен мир во Украина.

Во врска со, како што рече, вчера објавениот мировен план од 28 точки, Пињо информира дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најавила дека за ова прашање ќе разговара со европските лидерите и со учесниците на Самитот на Г20 во Јоханесбург, на кој присуствува денеска, како и дека ќе контактира и со Зеленски.

На прашање дали Фон дер Лајен планира за планот да разговара телефонски и со американскиот претседател Доналд Трамп, Пињо одговори дека засега не може да даде конкретен одговор, имајќи предвид дека претседателката на ЕК во моментов се наоѓа во Јужна Африка и не била во можност да зборува со неа за тоа.

На оценката дека се добива впечаток оти ЕУ „не е особено расположена интензивно да се вклучи во предложениот мировен план“, Пињо изјави дека тоа се само лични впечатоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците

Sasko Dimovski

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе