Вести Македонија

Започнува интервјуирање на кандидатите за претседател на ДКСК

На седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе започне спроведувањето на интервјуа на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Постапката продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на ДКСК по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.

 Во следните два дена пред комисијата за избори и именување интервјуа ќе имаат десеттемина кандидати за наследник на Димитровска.

Меѓу нив има поранешен помошник министер за правни работи во МВР и сведок во постапката за случајот „Таргет-тврдин, член на комисијата за заштита од конкуренција, поранешен началник во МВР, главен помошник на државниот ревизор, раководителка во министерството за одбрана, и актуелниот генерален секретар на ДКСК.

Според законот интервјуата се јавни, а во изборот учествуваат освен пратеници и преставници од невладин сектор како и преставник назначен од народниот правобранител.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 13 август формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата , која согласно законот е составена од седум членови.

Давитковски: Изборот на претседател на Антикорупциска мора да биде непартиски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе