Вести Македонија

Во Собранието пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници.

На предлог на дневниот ред на 70. седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието, предлог за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, избор на членови на Националниот совет за високото обрзование и научно-истражувачата дејност,  предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата, Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Азербејџан за ослободување од визи на носителите на дипломатски и службени пасоши и Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка,

Во прво читање на седницата се изменувањата и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за гранична контрола и Предлог на закон за претворање на побарувањата на  Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје. 

По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи продолжение на 19. седница, од чиј дневен ред преостанати за разгледување се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе