Стружанецот Ердал Лушо конечно исплови од Портимао, Португалија, на своето долгонајавувано соло-патување преку Атлантикот кон Карибите.

По четири години подготовки и неколкудневно чекање на стабилни временски услови, Лушо објави видео на Инстаграм во кое со возбуда најави дека поаѓа за само „16 часа“, опишувајќи ја атмосферата пред стартот како полна со адреналин, гужва и исчекување.

Неговата цел е да ја заврши една од најекстремните океански регати во светот — предизвик што досега успеале да го совладаат само 14 учесници, а преку Атлантикот со 5-метарска едрилица самостојно поминале само 49 луѓе.
