Со сведоци на обвинителството продолжи судењето за предметот Онкологија 1 против екс директорот на клиниката Нино Васев и уште двајца доктори онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, обвинети за несовесно лекување болни.
Докторка – онколог, која работела на клиниката за Онкологија до крајот на 2023 а сега е во приватна болница, одговараше на прашањата на обвинителката Ана Гоговска Јакимовска за тоа дали одредени терапии се препишуваат во комбинација.
За некои од конкретните комбинации за кои обвинителката посочи дека се давале на пациенти, докторката сведок рече дека не одат заедно.
Одбраната на Васев реагираше дека докторката не е вештак за да одговара на вакви прашања.
За начинот на кој се одлучувало имуно и биолошка терапија, докторката рече дека секој специјалист пишувал предлог терапија а потоа историите на пациентите биле носени на одобрување кај директорот. Конзилиум немало.
Другиот сведок, доктор од клиниката на Онкологија рече дека со параф од Васев се одлучувало за терапијата, а потоа за тоа почнал да одлучува стручен колегиум.
