По повод одбележување на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани во која ги повика, сите да ја исполнат својата должност кон татковината и да му бидат лојални на Уставот.
- По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени. Изградбата на правната држава денес е чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената татковина. Тоа е најсигурниот начин да го зачуваме заветот на нашите предци и најсигурниот начин да создадеме иднина за нашите наследници. Иднина во слободна, демократска и просперитетна држава. Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината, порачува д-р Дарко Костадиновски.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
