Вести Македонија Најважни

Ќе има ли надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани?

„Прашањето за анкетна комисија за Кочани да се упати до пратениците“ – одговори премиерот Мицкоски на тоа – дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на ова барање на семејствата на загинатите во Кочани, кое тие го кажаа на саботниот протест.

Од „Маршот на ангелите“ пред два дена во Скопје, блиските на загинатите побараа од пратениците да иницираат надзорна расправа, како и да формираат посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата, за утврдување на вистината и за да се дојде до одговорите – каде се случиле пропустите.

Во саботата тие побараа и еднократен финансиски надомест за семејствата на жртвите, по примерот на трагедијата во модуларната болница во Тетово, на што премиерот вели:

„Ги слушнав двете барања, апсолутно немам никаква дилема дека ние како Влада правевме, правиме и ќе правиме сѐ што е потребно за да се помогне во тој случај и да се ублажи болката којашто е неизмерна, неограничена, голема. А, што се однесува за поддршката на анкетната комисија, тоа прашање мислам дека е добро да го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд и таму ќе можат сите – и граѓаните и јавноста и вие медиумите да следите што сѐ се случува“, вели премиерот Мицкоски. 

Од парламентарните партии, во моментов Левица „притиска“ за одржување надзорна расправа за контрола и надзор над работата на извршната власт и државните институции. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе аргументи да го одлага одржувањето, со оглед на тоа што обвинителниот акт за трагедијата во Кочани е поднесен пред повеќе од еден месец.

За пожарот кој се случи на 16 март годинава, обвинети се 34 луѓе и три фирми. Се гонат за тешки дела против општата сигурност. Во пожарот во дискотеката, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето за случајот ќе почне за два дена, на 19 ноември.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе