Вести Најважни Свет

Радикални промени во британската политика за азил предлага министерката за внатрешни работи

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд вети дека ќе „воспостави ред“ во системот за азил на Велика Британија преку „радикални промени“ инспирирани од пристапот на Данска, јави ДПА.

Махмуд ќе претстави серија реформи во системот за азил пред Долниот дом в понеделник, што ќе ја направи земјата помалку привлечна за нелегалните мигранти и ќе го олесни нивното депортирање. Меѓу мерките што ќе ги предложи Махмуд е одобрување само на привремен престој за азилантите во Обединетото Кралство, додека за добивање дозвола за трајно населвуање тие ќе мора да чекаат и до 20 години.

Министерството за внатрешни работи на Велика Британија ги опиша мерките за заострување на контролата на азилот како најдалекусежна таква реформа во модерната историја. Министерството вели дека промените ќе обезбедат Велика Британија повеќе да не биде меѓународен аутсајдер во оваа област. Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, исто така, вели дека новите понуди за барателите на азил се повеликодушни од оние на нејзините најблиски европски соседи, каде што контролите се заоструваат.

Махмуд има намера да ја укине законската обврска за обезбедување поддршка на барателите на азил, воведена во 2005 година според законот на ЕУ.

„Оваа земја има горда традиција да прима луѓе кои бегаат од опасност, но нашата дарежливост привлекува нелегални мигранти преку Ла Манш. Брзината и обемот на миграцијата вршат огромен притисок врз заедниците“, рече Махмуд. „Следната недела ќе се случат најрадикалните промени во нашиот систем за азил во последните генерации. Ќе вратиме ред и контрола на нашите граници“, додаде министерката за внатрешни работи.

Високи претставници на Министерството за внатрешни работи беа испратени во Копенхаген претходно оваа година за да ја разгледаат данската политика за азил. Данска го намали бројот на барања за азил на најниско ниво за 40 години и успешно депортира 95% од одбиените баратели на азил. Во исто време, таа останува потписничка на Европската конвенција за човекови права.

Махмуд ќе објави дека статусот на бегалец ќе стане привремен и ќе биде предмет на редовна ревизија. Бегалците ќе бидат репатрирани штом нивните матични земји се сметаат за безбедни.

Според сегашните правила, лицата на кои им е доделен статус на бегалец можат да го уживаат пет години, по што можат да аплицираат за постојан престој и да го започнат патот кон стекнување британско државјанство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе