Вести Свет

Израел нема да се согласи на формирање палестинска држава, порачува израелскиот министер за надворешни работи

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, денеска изјави, пред утрешниот состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се гласа за резолуцијата со која се поддржува сеопфатниот план за прекин на огнот во Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Израел нема да дозволи создавање палестинска држава.

Израел нема да се согласи со воспоставување палестинска терористичка држава во срцето на земјата Израел, на занемарливо растојание од сите нејзини населени центри и со топографска контрола врз нив, објави тој на платформата X.

Резолуцијата предвидува дека Газа ќе биде администрирана од Меѓународните сили за стабилизација (ISF) и палестинска администрација надгледувана од Мировен комитет со кој претседава Трамп со мандат до крајот на 2027 година.

Се очекува ISF да соработува со Израел и Египет и новообучената палестинска полиција за да помогне во обезбедувањето на граничните области и демилитаризацијата на Појасот Газа. За разлика од претходните нацрти, текстот што ќе го разгледа Советот за безбедност на ОН ја споменува можноста за идна палестинска држава.

САД и неколку арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Саудиска Арабија и Турција, во петокот го повикаа Советот за безбедност на ОН итно да ја усвои резолуцијата.

САД, Катар, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Кралството Саудиска Арабија, Индонезија, Пакистан, Јордан и Турција ја изразуваат својата заедничка поддршка за резолуцијата на Советот за безбедност што моментално се разгледува, се вели во заедничкото соопштение на земјите, додавајќи дека повикуваат на „итно усвојување“ на мерката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе