Вести Македонија

Приведен 24-годишен кавадарчанец, со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило

Приведен бил 24-годишен кавадарчанец, кој со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, соопштија утрово од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Денеска во 00:20 часот на улица „Ѓорѓи Соколов“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Д.А.. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ фолксваген транспортер“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.59 промили алкохол во крвта, информираа од СВР – Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот, како што појаснија, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Буарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе