Вести Свет

Најмалку 20 повредени во пожар во индустриска зона во Аргентина

Најмалку 22 луѓе се повредени при експлозија во индустриската зона на аргентинскиот град Езеиза.

Експлозиите и последиците од пожар во неколку објекти се ужасни, изјави градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос.

Според локалните медиуми, пожарот зафатил најмалку пет објекти.

Индустриската зона во Езеиза е лоцирана во близина на меѓународниот аеродром, каде се сместени различни компании со различни производи. Има голем број производители на гуми, хемиски компании и магацин за „Ајрон Маунтин“ (компанија што архивира документи и податоци), изјави директор на Канцеларијата за цивилна заштита на покраината Буенос Аирес, Фабијан Гарсија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе