Вести Македонија Најважни

Емотивен и масовен „Марш за ангелите“ во Скопје

Со фотографиите на своите блиски во рацете и солзи во очите, роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани,  точно во 12 часот и пет минути, го почнаа маршот во Скопје.

На најголемиот транспарент можеше да се прочита пораката „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Кратко потоа, беше одржан три минутен молк, по што толпата се упати пред Собранието.

Од пратениците побараа  да покренат иницијатива за одржување на надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формираат посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата, за да се утврди вистината кад есе случиле пропустите.

Маршот продолжи кон Кривичниот суд, каде за четири дена почнува судењето на обвинетите.

Родителите на загинатите побараа им порачаа на судиите дека, секое одолговлекување на постапката ќе биде нова рана за нив.

На протестот кој го организираа граѓанските организации „Кој е следен„ и „16 март 2025„ денеска се приклучија голем број граѓани од цела држава. Родителите им се заблагодарија на сите, велејќи дека конечно почувствувале дека не се сами во борбата за правда за нивните деца.

Судењето почнува на 19 ноември. Според обвинението, за тешки кривични дела против јавната безбедност се товарат 34 физички и 3 правни лица.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе