Вести Свет

(Видео) Има мртви и повредени – автобус удри во автобуска станица во Стокхолм

Повеќе луѓе загинаа, неколкумина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Стокхолм, кога автобус удри во автобуската станица Естермалме, објави Афтонбладет. Според Експресен, во несреќата загинале најмалку тројца луѓе.

Причините за несреќата се непознати, а дел од сообраќајниците во градот се блокирани. Полицијата отпочна истрага, а инцидентот го третира како тешко казнено дело – предизвикување смрт од небрежност. Афтонбладет, неофицијално, јави дека возачот на автобусот е уапсен.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе