Актуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, демантираше дека ИПАРД-средствата се блокирани од Брисел и рече дека се стопирани само педесетина договори кои се во фаза на реализација.
Тој ги повика земјоделците да бидат спокојни и посочи дека проверките се во делот на реализацијата на програмата, а не на националните плаќања.
Неговиот претходник на функцијата, Љупчо Николовски од СДСМ, обвини дека ИПАРД-програмата е блокирана за 130 милиони евра, средства што требало да создадат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места. Тој го повика Трипуновски да поднесе оставка и да понесе одговорност за состојбата.
T.Д.
