Вести Македонија Топ вести

Николоски: Француската влада изигра клучна улога во потпишувањето на договорот со Бугарија за пругата за Коридорот 8

Се пробива ќорсокакот со потпишувањето на Договорот со Бугарија за пругата за Коридорот 8, a истиот отвора нова етапа во инфраструктурната соработка. Во вечерашната Топ Тема Александар Николоски, министерот за транспорт и врски се осврна на оваа тема потенцирајќи дека проблемот во суштина бил повеќе инженерски, а не политички.

Тој објасни имало многу емисии во Бугарија која ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт и врски Караџов лажеле во врска со договорот, сепак министерот потенцираше дека работите треба да се гледаат објективно.

„Не беше лесно и за Караџов и треба да му се оддаде признание за таа работа на бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт. Затоа што сериозни политички структури во бугарскиот политички живот беа против ова. Тие генерално мислам дека не ни знаат што е проектот, но се против добри односи и нормализирање на односите помеѓу Македонија и Бугарија“, рече Николоски. 

Николоски, објасни дека француската влада и нивниот министер за транспорт и врски одиграл важна улога во склучување на договорот меѓу Македонија и Бугарија.

Мислам дека министерот сфати дека е и инженерски проблем, а не политички и дека треба да се тргне политиката од истиот. И препораката беше да разговараме само на а теми коишто се поврзани со функционалноста на проектот“, додаде Николоски. 

На средба во Истанбул бил презентиран проектот на Македонски железници, со кое се нашло решение.

„Јас го презентирав проектот којшто Македонски железници инфраструктура го има изработено за целиот тунел. Тие го разгледаа и го прифатија после неколку дена. Рекоа дека е одлично направен. Јас ја презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел од делницата на пругата. Тоа е делот којшто оди од Бељаковце до Крива Паланка. Бељаковце-Куманово го пуштивме што веќе го праиме. Уште два тунели остануваат непробиени од вкупно 16 коишто ќе ги има на таа траса изедов обврска да се тендерира третиот дел којшто и открива Паланка до граница односно до тунелот“ образложи Николоски. 

Проектот е над 1,4 милијарди евра. Од нив, околу 200 милиони евра се неповратни грант-средства, додека остатокот ќе биде обезбеден преку кредити од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и други европски извори. Бугарија, пак, ќе инвестира 1,2 милијарди евра – најголем дел за реконструкција на железничката линија Софија–Радомир–Перник–Ќустендил–Ѓуешево и за изградба на делницата до границата со Северна Македонија, како и за заедничката изградба на тунелот меѓу двете држави.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе